БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Млади за Македонија апелираат на бојкот на најавената прослава платена со народни пари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од страна на граѓанската и иницијатива “Млади за Македонија” апелираат на масовен бојкот на најавената прослава од страна на Владата на Р. Македонија за она што тие го нарекуваат прослава за одење напред.

Станува збор за неразумно трошење на јавни буџетски пари за пропаганда која треба да послужи во промена на расположението на Македонските граѓани за сопственото негирање преку промената на Уставот на Република Македонија.

Кампањата за референдумот официјално започна. Но извинете дами и господа кои трошите народни пари. Ние студентите ви порачуваме дека за нашата иднина се работи и затоа ние НЕМА да ви дозволиме да ни го смените името. Ние студентите ќе бидеме во првите борбети линии и ќе се бориме за нашето име – на нашето човеково право на самоопределување и за нашето достоиство.

Затоа што за НАС се работи, затоа ние сме повикани и НИЕ ќе се бориме! Борбата за Македонија е започната!

Стои во соопштението на оваа граѓанска иницијатива.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace