БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Младите станаа жртви на лагите и непостоечките политики на власта- обвинуваат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција младите од ВМРО-ДПМНЕ од Штип реагираа во јавноста во врска со нереализираните проекти од страна на властите на СДСМ за младите во Штип.

Во продолжение во целост ја пренесуваме нивната прес конференцијаL

Ветуваа живот за сите, но не можат да овозможат живот за никој, а камоли за младите во Штип.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Локалната власт нема визија како да ги задржи во градот, па затоа иселувањата станаа секојдневие. Студентскиот град Штип, се претвори во место, во кое не само што нема локации за спортување и социјален живот како во Европа, туку не постојат мерки со кои би се подобрила целокупната економска состојба на секој млад човек. 

Меѓутоа, за да бидеме на чисто, го повикуваме Градоначалникот, да одговори: 

  • Кога почнува проектот „Младинска гаранција“? 
  • До каде е со изградбата на Картинг центар? 
  • Кога е отворањето на скејт паркот и болдер паркот под Исарот? 
  • Дали на најуспешните учесници на меѓународни натпревари се доделија ветените стипендии? 
  • Каде се реконструираните спортски сали и терени, отворени базени…? 

Вакви прашања има многу, но ќе застанеме овде, затоа што предолг е списокот на Вашите неостварени ветувања. 

Почитувани, 

Младите станаа жртви на лагите и непостоечките политики на власта. СДСМ на младите им ветуваше поголеми можности и подобар стандард, но кога дојде на власт целосно ги заборави и ги остави на работ на општеството.  

СДСМ докажа дека воопшто не се грижи за младите во нашиот град и државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace