БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На 23 август – планинарски марш во чест на Стамен Каровски во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

В недела, 23 август 2026 година, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, со поддршка од Општина Кочани, го организира четвртиот меморијален планинарски марш во сеќавање на својот починат член, планинар и другар, Стамен Каровски, со искачување на највисокиот врв на Пониква, Панаѓур (1669 м н. в.) на Осоговските Планини. Панаѓур нуди одличен поглед на сите планински масиви во Македонија, како и на Рила и на Пирин во соседна Бугарија.        

Маршрутата започнува од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква, движењето е по маркирана планинарска патека, која над 80 % поминува низ букова шума, а последните 500 метри до врвот се пасиштен терен. Патеката е кружна, долга 9 км и е од лесен карактер.

Поаѓањето кон Пониква е во 8 ч. од Градскиот парк во Кочани, со сопствен превоз, а маршот од Пониква е во 9 ч. Пријавувањето за учество во маршот е најдоцна до петок, 21 август, кај Тошо Антов, на телефон 078 270 724.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Учесниците е потребно да бидат опремени со: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крем за заштита од сонце, планинарски стапчиња.

ПСК „Осогово“ обезбедува ручек за секој учесник, кој пак треба да си носи прибор за јадење.

Креирано од:


Пренеси го гласот