Се поканува верниот македонски народ, на ден 19.01.2025 годиа (недела), да земе масовно учество најпрво во Богојавленската литија што од црквата Св.Архангел Михаил, Виница ќе се движи кон Градечка река, а потоа и на чинот на осветување на водите и положување на крстот.
На 19.01.2025 година (недела) по повод празникот Богојавление- Водици, ќе се изврши Богојавленски Водосвет и ќе се положи Светиот Крст во осветените води, од Црковните настолетија и свештенството при доле наведените храмови:
1. Св.Архангел Михаил –Виница
-Утринска Литургија од 07:00 часот
-Лицитација на икони од 09:30 часот
-Богојавленски Водосвет со положување на Светиот Крст во осветените води на Градечка река (Бановски мост) од 11:30 часот,
2. Св.Пр.Илија с.Блатец во 09:30 часот,
3. Св.Јоаким Осоговски с.Јакимово во 10:00 часот,
4. Св.Богородица с.Драгобраште во 09:00 часот,
5. Св.Троица с.Трсино во 11:00 часот,
6. Св.Петка с.Истибања во 09:30 часот,
7. Св.Јован Крстител с.Лески во 11:00 часот,
8. Св.Пр.Илија с.Градец во 12:00 часот,
9. Рож.на Пр.Богородица с.Пекљани во 11:00 часот,
10. Св.Вознесение Христово с.Липец во 12:00 часот.
Општина Виница има обезбедено пригодни награди за сите христијани кои ќе го извадат Светиот Крст од осветените води.
За многу години!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм