Врз основа на своите програмски определби а во насока на решавање на проблемите на граѓаните, градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски започнува со уредување на сите јавни простори во ова мало рударско градче на истокот од државата.
Потребата од зголемување на бројноста на јавен градски паркинг простор е високо во приоритетите на градоначалникот, најмногу поради сообраќајниот метеж кој се создава во одредени периоди во текот на денот од паркираните возила долж улиците во Македонска Каменица. Оттука изградбата на нови паркинг места на сите делови од градот каде што тоа го дозволуваат просторните услови ќе следи во наредниот период спред информациите од ЕЛС Македонска Каменица
“Ќе градиме нови паркинг простори и ќе ги уредиме сите јавни површини
Општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие “Камена Река” ќе ги уредат сите јавни површини во градското подрачје.
Ќе се градат неколку паркинзи во деловите каде тие недостасуваат, а некои паркинзи ќе бидат проширени. Ќе се уредува просторот околу Градскиот стадион, а ќе биде изградена и нова пристапна патека до трибинскиот дел на истиот.
Јавното претпријатие ќе добие гаражен простор за возила и градежна механизација, како и сопствена перална за возила и машини.
Годинава ќе бидат засадени повеќе од 20 000 цвеќиња и повеќе од 1 000 нови зимзелени и листопадни дрвни видови.”
-соопшти Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски по теренската обиколка на сите запуштени јавни површини низ градот.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сообраќајна акција „Алкохолот и воланот не се добар пар“
Иван Гоцевски: Горане Трајковски одвои 15 минути време и исплати им ги утужените надоместоци на пожарникарите кои им следуваат со закон
Во Делчево продолжува вербалната битка меѓу Градоначалникот Трајковски и Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Гоцевски