Во недела на 22.12.2019 година во Берово во рамки на манифестацијата за одбележување на 113 годишниата од смртта на Македонскиот револуционер Дамјан (Даме) Груев ќе се реализира традиционалниот планинарски марш ,,По врвиците на Војводата Дамјан Груев”.
Настанот се организира од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Берово во соработка со Месниот Комитет на опозиционата партија во селото Русиново.

Во продолжение го пренесуваме повикот од ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово за сите почитувачи на ликот и делото на Дамјан Груев за присуство на настанот:
“Доколку не би постоеле големите луѓе и големите датуми во историјата на Македонија, би се изгубила можноста за наше препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ.
Во чест на Македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија Даме Груев, кој на 23-ти Декември 1906 година го загуби својот живот во борбата за слободна Македонија на планината Петлец во близина на Русиново, Ве покануваме заедно да ја одбележиме 113 годишнината од неговата погибија.
22.12.2019 (недела)
09:00 Собирно место мегдан во село Русиново
09:30 Панихида на чест на Војводата на селските гробишта
10:00 Положување на свежо цвеке
10:30 Тргнување кон местото на загинувањето на Војводата
Организатор : ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
27 годишен жител на Македонска Каменица осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал на интернет
Пак Делчево во билтенот на МВР: Кривична заработи директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево
Три кучиња во село Цера нападнале брат на сопственичката на кучињата која заработи кривична пријава