БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најавени блокади на улицата пред парламентот за денеска

Пренеси го гласот

Од страна на Движење на носителите и бранителитена држ.суверенитет Македонска Преродба на фејсбук е најавена блокада и протест кои ќе се реализираат на улицата пред Македонскиот парламент во период од 11.30 до 14.30 часот.

Граѓанското незадоволство е како резултат на несогласувањето на мнозинството граѓани на Република Македонија со најавеното повторно гласање за денеска за усвојување на Договорот Ципрас-Заев од Преспа кој се враќа во парламентот за ратификација откако Претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го потпише.

Од страна на владејачкото мнозинство беше најавено дека повторно ќе го изгласаат Законот за ратификација на Договорот, по што повторно Талат Џафери ќе го прати на потпис кај Претседателот Иванов. Во своја изјава во медиумите Талат Џафери исто така најави дека доколку Претседателот Иванов не го потпише по вторпат, т.е. го употреби своето т.н. право на Џабно вето тој самиот ќе го потпише со двоен негов потпис и ќе го испрати за објава во Службен весник на Р. Македонија, што претставува еклатантно прекршување на Уставот на Р. Македонија.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека подготвуваат кривични пријави за сите оние кои го кршат Уставот и законите на Република Македонија, а меѓу кои ќе биде поднесена кривична пријава за оваа најава доколку се реализира од страна на Џафери. Делата за кои се поднесуваат овие кривични пријави, не застаруваат така што од страна на најголемата опозициона партија најавуваат дека откако судството ќе биде ослободено од стегите на актуелната власт истите ќе бидат соодветно процесуирани.

За вечер во 20.00 часот исто така се закажани протести на кои е најавено учество на повеќе граѓански иницијативи, здруженија, и политички партии.

Креирано од:


Пренеси го гласот