БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден пред 42 години MTV почна за првпат да емитува програма

Пренеси го гласот

На 1 Август 1981 година MTV (Music Television) започна за првпат да емитува програма.

Првиот музички спот кој што беше емитуван на овој телевизиски музички канал веднаш после полноќ на овој датум пред 39 години беше “Video killed the radio star” од The Baggles.

Почетокот на оваа нова кабелскка телевизија не беше ни најмалку розав. Во тоа време кабелските оператори беа луксуз за побогатите слоеви во САД а самата програма на MTV беше скромна поради недостигот на видео спотови кои што повторуваа на самата програма. Помеѓу видео спотовите беа емитувани прилози со информации за музичките изведувачи и настани поврзани со музиката.

Пополека пазарот почна да се отвара за музичките ѕвезди од типот на Мајкл Џексон, Мадона, Дјуран Дјуран и други а MTV беше тука да го следи нивниот развој во чекор, лансирајки ги на ниво на суперѕвезди. Секако на програмата на MTV имаше место и за ѕвезди кои беа веќе етаблирани на музичката сцена во САД како што се ZZ Top, Tina Turner, Peter Gabriel итн…

Во 1985 година MTV Networks која што е родителска компанија на МТВ беше купена од Viacom Inc.

Со тоа настанаа радикални програмски измени на основниот концепт на Топ 40 музички видео спотови. Се појавија специјализирани емисии за различни жанрови на музика: 120 Minutes (Алтернативен рок), Headbangers Ball (Хеви Метал), and Yo! MTV Raps (Хип-Хоп)

Во 90-тите години што следуваа MTV го одржа својот примат во музичката индустрија исто така со значителни измени на програмската шема. Во текот на денот претежно беа емитувани новинарски прилози за различни области од музичката индустрија и сцена, за во вечерните часови да се емитуваат специјализираните емисии со прикажување на најновите музички спотови.

Во ерата на дигитализацијата MTV почна да се појавува на свои повеќе дигитализирани платформи во различен канален облик одржувајки го товарот на своето славно минато во современието

Со овој музички канал пораснаа генерации на млади луѓе. Тој што не дремел пред телевизорот и видеорекордерот за да го сними својот омилен видео спот доцна во ноќта веројатно немаат поим за што зборуваме, но ова е историја која го промени животот на многумина…

Креирано од:


Пренеси го гласот