БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија засекогаш- наполни 4 години. Потсетување на песната која стана белег на своето време

Пренеси го гласот

Македонскиот исток е расадник на голем број таленти, интелектуалци и луѓе кои што го одбележале своето време на најубав можен начин. Во плејадата на дејци кои што потекнуваат до срцето на Република Македонија се вбројуваат голем број на уметници, активисти, општествени дејци, лекари, професори, новинари…

Музиката како уметнички израз е можеби најсилното “оружје” за суштински раст на човечката цивилизација во сите нејзини форми на манифестација.

Пред точно цели четири години од страна на музичкото дуо АЈГА од Делчево беше објавена песната која што на своевиден начин ги одбележа изминатите неколку бурни години на Македонското битисување.

“Македонија засекогаш” ниту беше случајна ниту беше намерна песна. Таа едноставно произлезе од душата на Дарко Тасевски кој како автор се потпишува зад ова музичко остварување, како логичко следство на цела една ера на постоење и борба. Збогатена со префинетиот сензибилитет на младиот Иван Тренчевски, оваа песна е вистинско летно и предилинденско освежување, независно од тоа колку пати да ја слушате…

Топло ја препорачуваме во предвечерието на најголемиот Македонски празник 2 Август- Илинден.

Текстот на песната преведен на Македонски јазик:

Одам по свое, На патот, Одам осамен, со скршена коска. Во мојата земја, Секој ден, Слушам лаги и некоја чудна врева. Мојата земја, не е за продажба, Тие сакаат поништување… Нема правда, Нема мир, Немаат милост, о Господе те молам! Викни го моето име, Викни го моето име, Викај ме Македонија! Викни го моето име, Викни го моето име, Моето име е Македонија! Македонијо, сакаат да те уништат тебе, За твоето античко библиско име… Зли луѓе, имаат ужасни планови, Да ти го сменат твоето име и сакаат да ја сменат твојата душа! Мојата земја, не е за продажба, Тие сакаат поништување… Нема правда, Нема мир, Немаат милост, о Господе те молам! Викни го моето име, Викни го моето име, Викај ме Македонија! Викни го моето име, Викни го моето име, Моето име е Македонија! Македонија засекогаш, Македонија засекогаш!

Креирано од:


Пренеси го гласот