Поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски преку социјалните мрежи упати своја реакција во врска со најавите на Петре Шилегов за рушење на еден од симболите на Скопје како град на солидарноста- Универзалната сала во центарот на градот.
Коце Трајановски објави видео анимација за проектот за целосна реконструкција на Универзалната сала кој што тој во неговиот мандат го започна а алармираше на состојбата со која актуелната власт во Скопје на штета на овој репрезентативен објект кој има духовно значење за Скопјани ќе гради 50 згради кои што се наоѓаат во истиот урбан блок на градот Скопје.
Со овој обид за рушење на Универзална сала за туѓи бизнис интереси се прави напад кон традицијата и културните вредности на скопјани, од страна на актуелната власт на СДСМ, за да се оттуѓи народот од својата духовност и традиции.
“Петре зошто ја рушиш Универзална?
Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???
За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :
Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика “Треска”. Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за “Треска” во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.
Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа “Скопје – чекор по чекор” ???
Наздравје
P.S. За потсетување каков проект oставив и како требаше да изгледа до сега конгресниот центар “Александар Македонски” со главна универзална сала “Тоше Проески”.”
-напиша на фејсбук Коце Трајановски.