БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наплатила 22500 евра од свој сограѓанин за да го вработи неговиот син во МВР: Кривична пријава за измама против битолчанка

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки. Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра.

Креирано од:


Пренеси го гласот