БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Не стивнува лошата сообраќајна дисциплина на граѓаните: 1570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатиов викенд (26/27.04.2025)  полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.

Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace