БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Некој сака да го избрише нејзиното Македонско потекло! Клеопатра каква не сте ја замислувале досега…

Пренеси го гласот

На светскиот стриминг сервис Нетфликс ќе се емитува историска документарна серија за Македонската кралица Клеопатра која владеела со Египет од 51 до 30 година пред нашата ера. Светски прославената фараонка на Египет која потекнува од Кралската Птоломејска династија на Македонските кралеви, позната по својата убавина во трејлерот за серијата објавен на јутјуб е претставена од црнката актерка Адел Џејмс од Британија.

Премиерата на серијата е закажана за 10 мај а дури и во самиот трејлер на филмот се доведува во прашање нејзиното потекло, нагласувајки од еден од нараторите дека Клеопатра е можно да има Египетско потекло, наспроти историската вистина дека Клеопатра потекнува директно од еден од генералите на Александар III Македонски- Птоломеј, кој што по распадот на Кралството на Александар по неговата смрт завладеал со Египет.

Ваквото портретирање на една од најубавите жени во познатата светска историја разгневи многу луѓе низ целиот свет, додека интернет порталот IMDb кој што врши рангирање на филмските дела ја опишува серијата како “Фиктивна Нетфликс приказна за Кралицата Клеопатра од Птоломејската династија од Македонија, Грција, која што владеела 21 година помеѓу 51 и 30 година п.н.е., завршувајки со самоубиство”.

После ваквата наменска пропаганда за искривување на историските факти и бришење на идентитетот на Македонската Кралица Клеопатра, во контекст на актуелните политички случувања во Македонија со намера за целосно бришење на Македонскиот идентитет, човек не му останува ништо друго освен да верува во светски заговор за бришење на историскиот Македонски национален идентитет од светски хегемони кои што сакаат да воведат нов систем на контрола на човечката свест.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот