Во текот на собраниската расправа за вториот ребаланс на Буџетот кој што оваа ненародна и расипничка влада предводена од Зоран Заев и СДСМ го прави оваа година, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски низ редица на аргументи ги истакна штетните политики на власта кои што ја клекнаа државата на колена на економски план.
Николоски алармираше дека ова е историски највисок буџет кој што не се троши соодветно, ниту за стимулирање на економски раст ниту за борба со корона кризата. Иако е илузорно на оваа самобендисана и клептоманска власт да им се укажува на кој начин подобро да се искористат сретствата од јавниот буџет, Николоски сепак пред јавноста рече дека прво требало да се зголеми буџетот за здравството како приоритет и како што е во сите земји кои што се справуваат со корона кризата. Второ, Николоски рече дека е потребно да се даде дополнителна награда за здравствените работници за да бидат постимулирани во својата работа. Обезбедувањето на услови за образование за учениците е исто така клучното нешто што Николоски го посочи што требаше да биде направено од надлежната министерка Царовска, за да не земаат родителите кредити за да купуваат лаптопи и компјутери за да можат да ја следат наставата, а не децата да имаат трауми зошто таткото на другарчето може да купи два компјутера, а неговиот татко ниту еден. Во делот на образованието исто така Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ предложи да се набават компјутери и за наставниот кадар како и да се обезбеди бесплатен интернет за сите.
Многу важно што требаше да се направи од страна на оваа неспособна власт е да се реализираат јавни протоколи за работа во сите сектори, а не да се размислува повторно за карантини, соопшти Николоски од собраниската говорница. Понатаму тој зборуваше за зголемување на помошта при невработеност и дигитализација на сите јавни давачки, како и таргетирани субвенции и друго.
-Првото прашање што ни го поставуваат граѓаните во секојдневните средби е каде се парите. Второто прашање е зошто во Македонија не се градат автопати, железници, зошто во Македонија не се инвестира во инфраструктурата. Третото прашање е зошто запреа проектите кои што претходно постоеја. Се се сведува на едно прашање – каде се парите? Ова втор ребаланс на буџетот за оваа година и проектиран е на највисоко ниво во историјата на независна Македонија, некаде околу 3 милијарди и 191 милион евра. Она што е интересно во проекциите на владата, приходите во вториот ребаланс остануваат на исто ниво како приходите во првиот ребаланс. Дали е тоа реално? Затоа што приходите се намалени во однос на иницијалниот план за приходи поради корона кризата за 423 милиони евра. Но, она што е значајно дека се предвидува во четвртиот квартал, а тоа се месеците октомври, ноември и декември, треба да се соберат околу 60 милијарди денари, односно околу една милијарда евра од граѓаните, што треба да е раст за 6,3 проценти во однос на истите месеци минатата година. Што значи за 6.3 проценти треба оваа година да се соберат повеќе пари од минатата, во услови кога минатата година немаше корона криза. Прашувам како ќе се реализира тоа. Тоа нема да се случи и во тие услови дефицитот ќе биде далеку поголем од она што е проектирано во моментот, посочи Николоски.
-Второто значајно прашање е она што се однесува на буџетските расходи. Односно колку владата ќе троши оваа година. Вкупните расходи во овој ребаланс се за 162 милиона евра повисоки од ребалансот еден, и се на ниво на 4 милијарди и 112 милиони евра. Значи оваа година владата со ваква амбициозна претпоставка за третиот квартал предвидува приходи кои ќе бидат 3 милијарди и 191 милион евра, додека расходите треба да бидат на ниво од 4 милијарди и 112 милиони евра, односно дупка во буџетот некаде околу 960 милиони евра. Историски најголема дупка која што Македонија било кога ја видела во својата независност. Дупка која што треба да ја плаќаат граѓаните.
-Третата работа која што е исклучително значајна се капиталните расходи кои имаат историски најниска реализација во текот на оваа година. Истото се случуваше и во 2018-та година повторно за време на влада на Заев, различни се само министрите за финансии. Затоа граѓаните прашуваат зошто не се градат автопати, железници и така натаму. За градежни објекти во првиот буџет беа предвидени 155 милиони евра, а во овој оди дупло надолу на 83 милиони евра во вториот ребаланс. Но, затоа капиталните субвенции на невладини организации се задржуваат скоро на исто ниво со претходниот ребаланс од околу 52 милиони евра.
Буџетскиот дефицит оваа година ќе биде 8.4 проценти од бруто домашниот производ. А јавниот долг е 59.3 проценти и со голема можност да оди и до 70 проценти затоа што приходната страна е нереално проектирана во овој буџет, рече Николоски.
Ваквите аргументи на Потпретседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ наидоа на негодување од страна на пратениците од мнозинството но ниту еден од нив не спротивстави реални и објективни аргументи на ваквата поразителна слика која во очи им ја наслика Николоски.
Погледенете го во продолжение во целост неговото првично обраќање од собраниската говорница во рамки на дискусијата за ребаланскот на Буџетот на Владата на Република Македонија: