БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: За криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола по формирањето на Владата ќе започнат соодветни постапки за расчистување

Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку социјалните мрежи упати свое жалење за сообраќајната незгода која се случи во селото Новаци кога камион кој што превезувал јаглен за РЕК Битола удрил трактор кој што го управувал жител на селото. Поради повредите од сообраќајката 71 годишниот тракторист го загубил животот по дводневна борба во болницата.

За овој случај потпретседателот Николоски упати и своја реакција за околностите кои што довеле до ваквиот немил настан. а како резултат на огромниот апетит на власта за недомаќинско трошење на јавните буџетски пари на граѓаните.

“Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!

Целта е да се искраде што сѐ може на заминување! Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на Белорускиот конзул!

Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.

Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!

Утре – Понеделник 27ми Мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!

А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!

Криминалците ќе одговараат!”

-напиша на социјалните мрежи Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во врска со овој немил настан.

Креирано од:


Пренеси го гласот