БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Објавен е спотот за песната “Ја градиме нашата иднина” од саундтракот за филмот “Исмевање на Христос”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во чест на прикажувањето на филмот “Исмевање на Христос” на режисерот Јани Бојаџи во Соединетите американски држави на видео каналот на режисерот е објавен новиот спот за песната “Ја градиме нашата иднина” од саундтракот за филмот.

Во продолжение го пренесуваме фејсбук статусот на Јани Бојаџи во врска со оваа објава:

Драги мои, вечерва во чест на патувањето на “Mocking of Christ“ во Соединетите Американски Држави, премиерно ви го претставувам спотот за песната “WE BUILD OUR FUTURE“ кој е дел од албумот BUFFOONS OF APSURDISTAN кој композиторот Горан Трајкоски го направи според музиката од нашиот филм. Албумот ќе биде објавен наскоро. Се радувам бескрајно што ќе бидеме заедно во Кливленд Охајо на 29 Март, ден потоа на 30 Март во Њу Џерси, па на 5 Април во Лос Анџелес и на 12 Април во Рочестер во Њу Јорк. Знам дека со нетрпение ја очекувате ова наша заедничка средба каде што ви ветувам дека сликите од Македонија, Грција и Франција со музиката на Маестро Горан Трајкоски ќе создадат уненије кое долго ќе го паметите и за кое долго ќе зборувате!

-напиша македонскиот режисер.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace