Од 1-ви јули , наплатата на наплатните рампи ќе се плаќа со смарт картичка, која може да се набави на бензинските пумпи низ државата.
Надополнувањето ќе може да се врши преку посебна апликација, која се користи преку телефон или лаптоп.
На почеток, извесно време сеуште ќе може да се наплаќа во готовина, како и со смарт картичките . За плаќање во готовина ќе важат досегашните цени, а за корисниците на смарт картичките ќе има попуст од 5 %.
Ќе се користат специјални лепенки со сериски број, кои ќе се ставаат на предното стакло, каде при движењето на возилото, од далечина, системот на рампата ќе го отчитува бројот и автоматски ќе ја отвори рампата.

Од следниот месец во употреба влегуваат припејд-картичките и таговите, наменети за камиони и други превозници. Пластичната картичка се набавува само еднаш и потоа само ќе се надополнува и ќе чини онолку колку што ќе има кредит на неа. Постпејд-картичките ќе стартуваат од есен
– најави деновиве Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта, кој појаснува дека целта на воведувањето на системот за електронска наплата на патарините е намалување на чекањето и застоите кои се создаваат на рампите, особено во одредени делови од годината, како што е летниот период.
Поради тоа, додека важи паралелното плаќање, постепено ќе воведеме со готовина да се плаќа само на една рампа, за да увидат возачите каква предност е електронското плаќање. Во иднина, пак, во план е на секоја рампа да има една лента само за возила со тагови, што значи дека превозниците нема да мора воопшто да чекаат
-изјавува Китанов


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти