БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Од сите можни видови на корупции присутни во државата најлоша е корупцијата на моралноста

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Одредени сегменти од Македонското општество на групи на луѓе се пред физичка експлозија до ниво на физичко насилство.

Границата на вербалното и политичко насилство е веќе ставена на точка на вриење и неминовни се физички пресметки кои што веќе завземаат своја манифестација во секојдневниот живот на граѓаните. Погледнете го секојдневниот билтен на МВР.

-старци се тепале во раните утрински часови во охридско,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-три возрасни жени се тепале сред бел ден во Струмица,

-Во Чаир група на млади луѓе се тепале во вечерните часови…

Економијата и стопанството се пред целосен колапс, пензискиот, здравствениот, образовниот систем се руинирани, административниот државен апарат е неодржлив. Поединци во власта од позиција на моќ опстојуваат само заради личен бенефит и (многу поважно) поради личен комодитет од прогон со што го држат под опсада целокупното Македонско општество.

Токму таа ситуација е НЕОДРЖЛИВА И НА РАБ НА ЕКСПЛОЗИЈА- пред се социјална.

Стимулирано од поедини центри на моќ лесно може државата да се дестабилизира до состојба на социјални и идеолошки немири кои од корен ќе ја загрозат егзистенцијалноста на Македонија како политички ентитет. Живееме во лимбо состојба во која Македонецот е репресиран над точка на неподносливост а од друга страна истовремено му се заканува физичко исчезнување поради можност од отворена војна.

Поделбите се присутни во општеството до таа мера што веќе почнува да снемува сврзивен општествен материјал за нашата државност.

Идејата за независна, слободна и просперитетна Македонија е сериозно загрозена до степен да веќе не постои ниту независност, ниту слобода ниту минимален просперитет. А секако и терминот Македонија е на пат да се избрише од историскиот континуитет.

Македонија се подјадува одвнатре и не гледам политичко лидерство во врвот на државата кое знае и може драстично да го сврти овој погубен тренд во обратен правец.

Корупцијата во општествените слоеви е навлезена толку длабоко што е загарантиран стандард и нова нормалност после која следува провалија.

А од сите можни видови на корупции присутни во државата најлоша е корупцијата на моралноста. Законите се мртво слово единствено применливи за “прости и сиромашни народни маси”, а сите оние поединци кои нешто можат да направат против овој урнисан систем се одамна заминати во странство. Oние малку способни луѓе останати во државата се ставени на маргините на општеството како некомпатибилен дел на ова скапано секојдневие.

Како понатаму?

Некој би рекол Бог нека е на помош на Македонија.

Јас би рекол само со визија, ум, знаење, искуство, толеранција и решителност, многу работа и труд, Македонија може да биде држава според сите нишани дефинирани во темелите на нејзината државност.

Борбата продолжува.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот