БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Огромна чест: Караванот “Македонија во срце те носиме” ќе го посети и Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

За крајот на месец август (31.08) граѓаните на Делчево но и поширокиот регион уште од сега е потребно да си го обележат овој термин за да присуствуваат на еден навистина огромен музички спектакл кој што ќе се реализира во само 8 македонски градови.

Музичкиот караван на проектот “Македонијо во срце те носиме” на Скендеровски продукција како втор термин во нивниот календар ќе го посети Делчево за незаборавна вечер за паметење на која Македонската музика ќе одекне на најубав можен начин. Музичките ѕвезди кои што во изминатиот период обработија поголем број на постари Македонски нумери сега овековечени во современ музички аранжман од страна на оваа продукција ќе ги исполнат своите музички остварувања пред граѓаните на Делчево но и сите оние посетители од околните општини кои што ќе сакаат да поминат незаборавни моменти со звуците на Македонската музика.

“Почитувана Македонијо!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Наскоро се гледаме на голема концертна турнеја низ Македонија

Вашиот омилен проект Македонијо во срце те носиме и вашите омилени изведувачи

26/08 -ОХРИД 20:00 

31/08 -ДЕЛЧЕВО 20:00

03/09 -ШТИП 20:00 

10/09 -СТРУМИЦА 20:00

14/09 -БИТОЛА 20:00

17/09 -ГОСТИВАР 20:00

21/09 -ВЕЛЕС 20:00

24/09 -ПРИЛЕП 20:00

Се гледаме”

-стои во известувањето упатено до јавноста од страна на Скендеровски продукција.

Креирано од:


Пренеси го гласот