БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Панаѓур во Делчево како закана за егзистенцијата за малите продажни продавници и бутици во градот

Пренеси го гласот

Од денес во градскиот парк пред општинската зграда во центарот на Делчево се случува панаѓур на текстилни производи, обувки, предмети за домаќинство  и останата широко-потрошувачка стока од различен вид.

Оваа практика која е воспоставена во последните неколку години се чини особено погубна за малите продавници и бутици кои се мака егзистираат преку целата година.

Во разговор со поедини сопственици на мали трговски фирми и сопственици на бутици и продавници го искажуваат својот длабок револт против ваквата погубна политика на локалните власти од повеќе аспекти:

  • Локалните фирми и бутици кои ги имаат платено сите давачки кон  општината како легални правни субјекти кои ја крепат и така влошената локална економија, во услови на премин од една сезона во друга остваруваат огромни загуби во својата трговска дејност како резултат на поставувањето на вакви импровизирани тезги и тоа на најударното место во градот, за кое имателите на вакви тезги плаќаат минимални давачки во тек на неколку денови, а остваруваат трговска дејност како нелојална конкуренција на локалните бутици и продавници. Наместо локалните бутици и трговски објекти да остварат минимален приход преку попусти на својата помината сезонска роба, ваквиот профит оди кај граѓани за кои не се ни знае дали поседуваат некакви фирми и дали плаќаат давачки на државата (општината) за својата дејност;
  • Локалните фирми и бутици имаат инвестирано во објекти (деловни простории) за вршење на трговска дејност за што имаат подмирено огромни давачки за комуналии и останати трошоци, кои што објекти губат секаква смисла на постоење, кога некој од страна може на тезга да продава што му текне и со тоа да создава нелојална конкуренција кон овие локални правни субјекти. Оние што немаат свој деловен простор пак плаќаат кирија и закуп на просторот во текот на цела година на сопствениците на вакви објекти (кои повторно имаат инвестирано огромни сретства попусто) наспроти нелојалната конкуренција на тезгите во рамки на ваквите “панаѓури”;
  •  Лојалните граѓани вработени во локалните бутици и трговски објекти за кои управителите на фирми во текот на цела година плаќаат придонеси  кон државата и плати на вработените, се наоѓаат во подредена положба на остварувањето на брзата заработка од страна на лицата кои продаваат роба на импровизираните тезги, за кои пак нема податок дали воопшто се осигурани и пријавени како вработени.
  • Дополнителен проблем кон вака погубната пракса на локалната самоуправа и локалните власти и нелојална конкуренција која се стимулира од нивна страна, претставуваат тезгите со текстилни производи и производи кои не соодветствуваат со намената на импровизираниот градски пазар каде наместо да се продава само овошје и зеленчук се продава се и сешто, со минимални плаќања за закуп на тезга. А од друга страна деловните субјекти кои имаат на располагање свои деловни објекти, плаќале и тековно плаќаат повеќекратно повисоки износи за својот простор.

Постоењето на ваквата состојба на сезонски панаѓури и трговски тезги на текстил, облека, обувки и предмети за домаќинството во рамки на  зелениот пазар е горлив проблем со кој се создава сива економија која е огромен непријател за локалните лојални фирми од малопродажната трговска мрежа.

Дополнително квалитетот на производите кои се продаваат на ваквите панаѓури и импровизирани тезги во рамки на зелениот пазар е во дискутабилни граници, со што граѓаните кои ги купуваат евтино подоцна сваќаат дека се изиграни од ваквиот сомнителен квалитет, но прекасно.

Ова е една од причините поради кои малите трговски дуѓани изумираат во Делчево како и во поширокиот регион, од едноставни причини што државата и институциите не водат сметка за овие неколку факти кои лежат како товар на локалните бизниси и мала трговија.

Овој проблем заслужува пошироко општествено внимание и третман од надлежните институции, се со цел за изнаоѓање на оптимално целисходно решение кое ќе биде од интерес на сите граѓани во Општината за која се однесува.

Фото извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот