Повеќе од 5 милиони денари инкасирани на општина Прилеп само од паркинг услугите за време на Пиво фестот. Граѓаните очекуваат општината да помогне на луѓе кои живеат од социјална помош
Огромни бенифити како и голема економска полза има општината Прилеп од манифестацијата Пиво фест која традиционално се оддржува во градот секоја година. Неколку дена исполнети со илјадници посетители, каде во голем ќар се скараџиите, угостителите, дуќанџиите, хотелиерите , а најголема полза има Општината.
Организаторот, напомена дека само од паркинг услуги Општината инкасирала повеќе од пет милиони денари. Но вистинското прашање е на што ќе се потрошат милионските суми кои Општината ги собра за Пиво Фестот ? Граѓаните апелираат општината барем да помогне на примателите на социјална помош, или на некои прилепчани кои имаат потреба од некаква помош, но ќе видиме.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Божиновска со низа билатерални средби и пораки за забрзана транзиција на UNECE Resource Management Week
Шеикот Венко од Емиратите: Сепак претседателот на СДСМ има златна виза како менаџер и инвеститор во Обединетите Арапски Емирати
Божиновска од UNECE Resource Management Week 2026: Одлучни политики, силни инвестиции и меѓународна соработка за одржлива енергетска иднина