Како дел од програмата на БИТ ФЕСТ, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Првата вечер присутните имаа можност да уживаат во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и „Чалгии мерак“. Главни ѕвезди ќе бидат „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи