Како резултат на најавите дека од Бугарија ќе доаѓале бугари со автобуси на гробот на Гоце Делчев по повод неговиот роденден на 4 февруари, Претседателот на Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ “Гоце Делчев”, Александар Пандов упати кратко соопштение до јавноста.
“Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце!
Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку!”
-напиша Пандов на фејсбук.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Објава за изгубен Родовник
Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности
Прв заменик-претседател Беким Сали се сретна со европратеникот Матеј Тонин во Брисел