“Почитувани граѓани,
Сакам да ве информирам дека заврши судскиот процес како резултат на Тужбата од моја страна против Премиерот Ковачевски за измислените обвинувања искажани кон мене.
Судот во пресудата констатира дека Ковачевски бил свесен и знаел дека изнесува невистинити факти, со единствена цел да ми наштети на честа и угледот.
Судот констатира дека како невистинити и искажани со намера да наштети се следните тврдења на Ковачевски за мене:
“ 1. Му биле симнати еполетите од униформата,
2. За пари работи против својата држава,
3. За интереси на странски и други домашни бизнис-разузнавачки структури и тргува со интерни и странски структури,
4. Човек кој што крадел документи и издавал информации додека бил во АРМ. “
Но, Судот не го осуди Ковачевски затоа што истиот имал имунитет исто како и пратениците.
Оттука, се поставува прашањето, како е можно во иста држава, со исти закони за сите, за премиерот да важи имунитетот, а за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ како на пр. колегата Бране Петрушевски да не важи имунитетот и истиот да биде осуден?
Ковачевски е човек што свесно клеветел и лажел за да нанесе штета, но за истото не е подготвен да понесе одговорност и затоа се крие позади имунитетот.
Погледнете каква немоќ е на чело на македонската Влада!
Во 2001 се криеше под јорган, после тоа се криеше позади женска сукња, а сега се крие позади имунитет. Држава ќе водел и ќе барал мандат.
Дно!
Згора на тоа, ај што свесно клеветел и измислувал за да девалвира, ај што треба да ги платам судските трошоци затоа што повторувам – “херојот” повторно избега, туку барал и 48.000 денари оштета.
Неверојатно!”

-реакција упатена во јавноста од страна на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение
Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници од СВР Штип за пожарот во дискотеката во Кочани
Започнаа обуките за јакнење на мултисекторските тимови за спречување, заштита и поддршка на жртви од родово и семејно насилство