Под покровителство на Градоначалникот на општина Свети Николе во соработка со повеќемина урбани ликови, културни работници и промотери во сабота-17.08.2024 година со почеток во 20.30 ќе започне ХИП-ХОП ФЕСТ Vol.2.
Настанот како единствен од ваков вид во државата ќе биде убава можност да си ги измерат силите на сцена сите хип-хоп артисти кои ќе настапат, но и ќе упатат своевидна порака дека хип-хоп културата продолжува да живее со полн интензитет на посакувано ниво и во денешни времиња.
Хип-Хоп Фест Свети Николе започна да се реализира по иницијатива на млади луѓе кои што имаа потреба креативната енергија да ја насочат кон позитивни вибрации кои што со себе ги носи овој вид на музика и култура.
На овогодинешнот негв издание ќе настапат речиси сите позначајни млади хип-хоп артисти така што настанот ќе биде силно културолошко освежување во овие летни горештини. Плени фактот што сцената е резервирана за домашни македонски уметници, што е особено за поздравување.
Настапите во живо започнуваат во 21.30 часот а ќе траат до 01.00 часот а на сцената ќе продефилираат со својот хип-хоп вербален удар Тодоров, Пикси, Риза, Кацар, Мартикс, ДЈ Попај, Бибич, Контра Напад, Паки и Бренсис
Пред почетокот како увертира во млата сала во градската библиотека во Свети Николе ќе биде проектиран Документарен филм за Хип Хоп културата во Македонија со почеток во 20.30 часот, а сцената на градскиот плоштад во Свети Николе пред главните хип-хоп ѕвезди ќе ја загреваат момците и девојките од танцовото Break Dance студио S-Class со почеток во 21.15 часот.
Добар мотив за сите љубители на Хип-Хоп културата во регионот и во Македонија да го посетат овој редок настан.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пијанец- Малеш имаат со што да се гордеат: Богатството со квалитетна модра слива е силен предуслов за одржлив рурален развој на регионот
Црква “Св.Архангел Михаил” од село Драмче била најшарена црква во своето време
Знаменитости на делчевското село Драмче: Се велело дека Драмче е поголемо од Белград…