Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Солза Грчева на својот фејсбук профил сподели фотографии на производи на кои недостигаат “МК” ознаките за јазичноста на налепниците каде на Македонски јазик е испишан дел од текстот на амбалажата на производите.
Притоа повика на граѓанска непослушност за ваквите производи и никој од граѓаните да не ги купува истите.
Во продолжение интегрално реакцијата на Грчева:
Кој дозволил увоз на козметика, каде на местото за ознака на нашата држава стои празно место???
Ќе прашав постои ли пазарна инспекција, царина итн. Ама одговорот на сите ви е јасен.
Граѓанска непослушност за вакви увозни производи. Никој да не им купува. И не само на увозни



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието