По се изгледа дека партијата СДСМ стана партија на лажговци и манипулатори, обвинува во денешната партиска реакција ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата ја демантираат Радмила Шеќеринска дека ВМРО-ДПМНЕ некогаш воопшто размислувале да нудат пратеници за поддршка на уставните измени.
Радмила Шекеринска лаже – суши!
Ниту ВМРО-ДПМНЕ нудело, ниту помислило да понуди непристоен предлог за прескокнување на референдумот. Ниту ВМРО-ДПМНЕ нудело, ниту помислило да нуди пратеници за поддршка на уставните измени.
Нејзините лаги и манипулации се најдобар доказ до каде може да отиде еден деструктивен ум и како таа го третира мислењето на граѓаните или пак ставовите на народните избраници. За манипулаторот Шекеринска мислењето на народот е ирелевантно, а пратениците се гласачка машина која постојано е на продажба и подготвена за трговија.
Затоа Шекеринска нема капацитет да ги сфати и разбере принципиелните и конструктивни позиции на ВМРО-ДПМНЕ.
Радмила Шекеринска е штетна за Република Македонија. Таа е единствената константа изминативе две децении која била инволвирана во сите „бомбона бизниси“ и отстапки кои на својот грб ги чувствуваа граѓаните и државата.
Не е ни чудно што Радмила Шекеринска беше адутот на грчката страна која ја преферираше како лидер на македонскиот преговарачки тим. Националните интереси никогаш не и биле приоритет на Шекеринска,
-соопштуваат од најголемата опозициона партија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија