БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Посветената работа дава резултати: Протече вода во селскиот јаз во село Аргулица, општина Карбинци

Пренеси го гласот

Она што беше потреба за жителите на селото Аргулица денес стана реалност. Конечно протече вода во селскиот канал во селото со која што ќе може жителите да ги наводнуваат своите бавчи.

Реализацијата на овој проект е од особено значење затоа што значи заживување на традицијата од една страна но и подобра и поквалитетна храна на трпезите на жителите на селото но и на оние граѓани што ќе си купат земјоделски производи од овие домаќини.

Реализацијата на овој проект од страна на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов е за пример а целиот регион за тоа како се сака традицијата но и како се остваруваат ветените проекти за граѓаните.

“После неколку децении во село Аргулица протече вода низ каналите.

Конечно барањето на жителите се остварува, а можноста за новоднување на бавчите е реализирана.

Чекор по чекор се реализираат сите ветувања, враќањето на животот во селата може да биде реалност. 💦

bregalnickimarketing

-информираше во јавност градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.

Креирано од:


Пренеси го гласот