На 16 мај, во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за проектот „Поврзување на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Кочани“.
Договорот за проектот го потпишаа и другите крајни корисници, градоначалникот на Општина Виница, директорите на двете комунални претпријатија „Солидарност“ од Виница и „Водовод“ од Кочани и министерката за животна средина.
Проектот вклучува делумна рехабилитација и проширување на канализацискиот систем и системот за атмосферска вода во Општина Виница, со што ќе се реши и поврзувањето на Виница со Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и на кочанските населени места Грдовци и Прибачево.Средствата за реализација на проектот се обезбедени од програмата ИПАРД 3, преку Секторот за спроведување на ИПА во Министерството за животна средина.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сања Пановска е дел од “Најдоброто на Делчево”. Градоначалникот Гоцевски рече дека таа е инспирација за сите млади луѓе кои сакаат да бидат научници
Најава за презентација на активности од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени во Кочани