Денеска во работна посета на општина Делчево беше Македонскиот Премиер Христијан Мицкоски. Во присуство на градоначалникот на оптшина Делчево Иван Гоцевски, Премиерот Мицкоски се запозна со текот на реализацијата на инфраструктурните проекти кои што се реализираат во повеќе делови од градот Делчево.
На првата локација на крстосница на улица “Индустриска” кај Градски пазар покрај мост на река Брегалница делчевскиот градоначалник Гоцевски ги презентираше досега реализираните активности во врска со градежни работи на повеќе проекти за реконструкција и изградба на повеќе улици и краци од улици во централно градско подрачје во Делчево.

Целосно е завршена изведбата на сите фази за Реконструкција на ул. “Индустриска”.во вкупен износ од 11.808,566,00 денари- обезбедени од Министерство за транспорт а во завршна фаза е проектот за реконструкција и изградба на улици во централно градско подрачје УЕ 2-дел од блок 2.2 (дел од улица 4.крак од улица 4,дел од улица 1,пристапна улица 1,улица 5 и изградба на фекална и атмосферска канализација за централно градско подрачје У.Г.2.2 блок 2.2(дел)
Овој проект во износ од 10.583.000,00 денари е финансиран со сретства од Министерство за транспорт
За овој потег на централното градско подрачје во Делчево исто така целосно е завршена изградбата на атмосферска канализација по должина на улица “Индустриска” со вкупен износ од 8.675.002,00 денари обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање
Со реализицијата на овие проекти пред Премиерот Мицкоски градоначалникот објасни дека станува збор за особено важни проекти преку кои е извршено поставување на нови линии на атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, изградба на нов коловоз и тротоари.
Со овие проекти Централното градско подрачје во Делчево добива целосна патна и комунална инфраструктира, што е основен предуслов за развој на приватните парцели и иницијативи кои што доживуваат забрзан напредок во последните 2 години. Гледаме дека Делчево интензивно се гради во центарот на градот а општина Делчево со поддршка со централната власт и Владата активно учествува во поддршка на локалниот економски развој и подобрување на стандардот за живеење преку овие конретни проекти.
На втората локација Премиерот и Градоначалникот на Делчево извршија увид на градежни работи на Изградба на улица “Видео Смилевски Бато“ (со изградба на потпорен ѕид) во населба Стар Расадник- III реон во Делчево.
Проектот е во завршна фаза пред асфалтирање а сретствата во износ 6.665.898,00 денари според потпишан договор по Јавна набавка се обезбедени од Министерство за транспорт
Станува збор за децениско барање за жителите кои живеат на оваа улица која претходно беше во екстремно лоша состојба под постојан процес на ерозија под влијание на атмосферски води.
На третата локација Премиерот изврши увид на градежни работи на проект за Изградба на регулација на коритото на река Брегалница во централно градско подрачје на град Делчево возводно од регулирано корито во должина од 320 метри

Овој проект во износ од 42.125.890,00 денари е финансиран со средства обезбедени од Министерство за животна средина.
Во рамки на работната агенда Премиерот Мицкоски имаше можност да се сретне со повеќе граѓани на населбите Трети реон, Стар Расадник и Ново Делчево со кои што можеше да поразговара за нивни секојдневни проблеми.
За крај на работната агенда Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски и Премиерот Христијан Мицкоски пред соборната црква “Св. Кирил и Методиј” во центарот на Делчево дадоа изјави и одговараа на новинарски пррашања пред присутните медиуми.






СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година