Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на неговата изјава за медиумит, одговарајки на новинарско прашање најави надминување на проблемот со финансиската блокада на општина Делчево која што повеќе децении го оневозможува нормалното работење на општината а со тоа и развојот.
“Денес бев во посета на Општина Делчево, каде што извршивме увид на градежни активности на реконструкција на улица „Индустриска” и улица „Видео Смилевски Бато“ во населба Стар Расадник – III реон, како и увид на градежни работи на проект за изградба на регулација на коритото на река Брегалница во централно градско подрачје,
Во Делчево се гради, како што се гради и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со какви предизвици се соочува самата општина. Некој од нив како што е на пример блокираната сметка, но и тука не стојат работите и тука се придвижуваат во позитивна насока.
Очекувам дека во овој мандат таа сметка ќе биде одблокирана за да може општината да функционира нормално. Би сакал да се заблагодарам и на советниците од советот којшто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, сите тие се заслужни за да овој мозаик биде поинаков, односно да се гради и да се испорачува за граѓаните.”
-напиша на социјалните мрежи Премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата денешна посета на Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година