“Во контекст на вашата загриженост за превозот на учениците, велите:
– Учениците, минатите години имаа превоз. Затоа што не им треба. Заборавате дека учениците имаа онлајн настава.
УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ПОВТОРНО, затоа што впрочем ВМРО ДПМНЕ е таа која што го воведе бесплатниот превоз во училиштата и бесплатните учебници секоја година и на секое дете. Но, нив не ги наведовте како проблем.
Зошто?
Затоа што МОН е во ингеренции на владата на СДСМ. Бесплатен превоз ќе има во момент кога општината која што го поништи договорот со АВТО АТОМ ќе постигне реални суми, а не милионски побарувања како до сега. Зарем не е малку смешно како советници да се занимавате со вакви паушални изјави. Вам граѓаните ве плаќаат да ги застапувате нивните интереси и да правите услови за нивна подобра инфраструктурна, економска и образовна клима. Од партиски препукувања граѓаните се сити. Нив ги интересира зошто детската градинка сеуште не е отворена. За информација кон јавноста од 700 моментално згрижени деца, 210 се над нормативите и стандардите за нормално функционирање.
За да не се создадат Листи на чекање за згрижување на дечињата потребна е поголема експедитивност и согледување на реалните факти, зголемување на персоналот и создавање на услови за побрзо отварање на новата детска градинка.
И додека Владата на Р.М. за два дена вработува над 60 лица на царина,( и троши на патувања на фестивали за вино и за прослави….) во МТСП намерно се стопираат и опструираат согласностите за вработувања, се кочат годишните планови на локално, се’ со одредена цел и претходна координација. Апелираме до советниците од СДС и до советниците кои индиректно и подискретно ја подржуваат власта, да престанат со уцени, да престанат со пазарење со централната власт, нека си се посветат на граѓаните и да престанат да се изживуваат со оние кои ги гласале само за да ги заштитат оние од Владата.”
-Интегрален текст на прес конференцијата на Марија Ананиева – претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово