Денеска по повод најголемиот Македонски празник Илинден Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљанвска Давкова во претседателската резиденција се сретна со членовите на семејството на првиот претседател на АСНОМ Мљтодија Андонов Ченто
“На Илинден, празникот што ги поврзува двете најсветли страници на македонската државотворна историја, имав средба со потомците и членовите на семејството на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.
Во разговорот не беше присутен само споменот за Ченто, туку и прашањето дали сме достојни продолжувачи на државотворната мисла и дело што ги остави зад себе.
Свесна за гордоста со која потомците го чуваат споменот за Методија Андонов-Ченто, се прашувам: Какво наследство ќе им оставиме ние на оние што ќе дојдат по нас.
Не случајно, еден од неговите потомци го носи името Методиј. Споменот за Ченто продолжува да живее низ генерациите!”
-напиша на социјалните мрежи по повод оваа средба Македонската претседателка

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делегација на МВР учествуваше на 15. конференција на ИНТЕРПА во Доха, Катар
Министерот Клековски ги прими новоименуваните директори на три универзитетски клиники
По измените во проектната документација – продолжуваат градежните активности на Домот за стари лица во Кочани