Се уште се свежи сеќавањата на големиот пожар кој што го зафати микрорегионот Пијанец-Малеш во 2021 година.
И се уште се сеќаваме на хаосот кој што тие го предизвикаа.
Сега поучени од вакви и слични непосакувани состојби институциите наделжни за справување со истите во голема мера реагираат превентивно преку различни институционални алатки кои што им стојат на располагање.
Тековно од страна ТППЕ службите но и останатите служби во системот за превенција, заштита и спасување се спроведува широка лепеза на мерки и активности во целиот Брегалнички регион, што како позитивно искуство говори дека работите во овој сектор се имаат поместено во позитивен правец.
Една од тие служби е и ТППЕ Берово кои што ангажирано на терен спроведуваат иннтензивна кампања за превенција против пожари:
24.07.2026 год. Извршена е обиколка за превенција од пожари од службите на ТППЕ Берово, ОВР Берово, Шумска Полиција Берово, ЈП Национални Шуми Берово на повеќе локации во Берово, Беровско Езеро и Ратево. Беа поделени летоци со едукативна содржина, а беше разговарано со населението кое е затекнато и како да се заштитат себе, имотите и шумите од пожари.
При обиколката е употребен и дрон како средство за набљудување и контрола.
Ваквите активности ќе продолжат на различни локации.”
-напишаа на социјалните мрежи во врска со овие нивни активности од ТППЕ Берово.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм