Градоначалникот на општина Македонска Каменица и воедно кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Дарко Митевски, денес во село Луковица промовираше трет проект од неговата програма за работа на општината за периодот 2017 – 2021 година. Градоначалникот Митевски кажа дека општина Македонска Каменица веќе подготвила техничка и проектна документација за изградба на нови водоснабдителни системи за селата Луковица, Тодоровци и Моштица. Со реализацијата на овие проекти ќе се подобри кавалитетот и можноста за континуирана контрола на водата за пиење во овие рурални средини.
Градоначалникот Дарко Митевски потсети и на сите претходно успешно реализирани проекти во овие рурални средини.
https://www.facebook.com/DarkoMitevskiGradonacalnik/videos/911308839022159/


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево