БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Проектот за изградба на типски куќички за станарите од Старата касарна ќе се реализира годинава

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа. На средбата се разговараше за повеќе прашања од локално значење, со посебен акцент на изградбата на типските куќички за станарите од Старата касарна во Кочани.

Станува збор за проект кој со години е во фаза на планирање, а според најавите од општинското раководство, неговата реализација треба да биде целосно заокружена до крајот на оваа календарска година. На урбанистички определена локација е предвидена изградба на седум објекти за групно домување, секој со по четири станбени единици. Секој објект ќе има вкупна површина од 138 квадратни метри.

Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека проектот има големо социјално значење и претставува решавање на долгогодишен проблем за жителите на Старата касарна.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Ова е проект што долго време го чекаат граѓаните и наша обврска е конечно да го реализираме. Обезбедуваме трајно и достоинствено домување за семејствата од Старата касарна и очекуваме изградбата на типските куќички да биде целосно завршена до крајот на оваа година. Општина Кочани останува посветена на решавање на вакви суштински прашања од интерес на граѓаните – изјави градоначалникот Грозданов.На средбата со заменик-министерот Мустафа беше нагласена подготвеноста за понатамошна соработка меѓу Општина Кочани и Министерството за односи меѓу заедниците, со цел успешнo и навремено да се планираат и реализираат и други проекти.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace