БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Промоција на проекти за село Косевица од страна на Дарко Митевски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Актуелниот градоначалник и кандидат за нов четитигодишен мандат на претстојните локални избори на 15 Октоври, Дарко Митевски на својата фејсбук страна излезе со промоција на проекти за поддршка на жителите на село Косевица во  Македонска Каменица

„Село Косевица ќе добие силна општинаска поддршка. Косевица и Луковица ќе бидат поврзани со асфалтен пат, а нови локални патишта ќе се изградат до маалите Караџевци, Горанци, Паши, Врбаци, Паровци, Бошнаци и Горно Чукаревци. Старата училишна зграда ќе биде реконструирана и пренаменета согласно потребите на жителите. Ќе биде обезбедена поддршка за земјоделците, жителите кои припаѓаат на некоја од ранливите категории ќе добијат социјални монтажни објекти за домување, а ќе биде изграден и комплетно нов водоснабдителен систем. Проектот за поставување на големи контејнери за отпад ќе биде продолжен во село Косевица. Со воведувањето на бесплатниот јавен превоз се појави и потребата од поставување на постојки и тоа ќе биде направено и во ова село“-изјави во своето обраќање Дарко Митевски.

Погледнете го видеото во прилог.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace