БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Протест пред владата вечерва: Не за бугаризацијата на Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии револтирана од намерата на владата да го прифати францускиот предлог преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат и да го изразат своето незадоволство.

“Бидејќи е јасно што ќе ни донесе утрето во Брисел, бидејќи ќе дозволиме со декларација да бидеме „дијалект на бугарскиот народ“, бидејќи не смееме да прашаме како се чувствуваат Македонците во Бугарија додека тука допрва ќе трпиме условувања за отворање и вметнување во Устав, па уште и ќе треба да сме доволно фини за да ги задоволиме соседите да се сме смилуваат да го тргнат ветото… Бидејќи ќе дозволиме да ги промениме учебниците по историја и ќе се правиме на три и пол дека Бугарите не биле фашисти, бидејќи по не знам кој пат ќе треба да плукнеме на се што ни оставиле нашите ни дедовци, бидејќи ми е преку глава да слушаме исфилувани памфлети дека ова е за мир во куќи, јас вечерва во 19 часот ќе излезам пред Влада за да кажам – ДОСТА Е и не се согласувам да се носат срамни одлуки! Барем тоа можам ко граѓанин да го направам. Бујрум”

– напиша Теменугова на социјалните мрежи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace