БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прва работна посета во странство: средба со словенечкиот министер за здравство за унапредување на соработката

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за здравство денеска оствари средба со својот словенечки колега, д-р Тадеј Острц, во рамки на својата прва работна посета во странство.

Изборот на Словенија за првата официјална средба со странски колега ја одразува важноста на заедничката историја, сличностите во политичкиот систем, географските и демографските карактеристики, како и словенечките искуства во спроведувањето на здравствените реформи.

На средбата беа разменети информации за состојбите, предизвиците и плановите во двата здравствени система. Посебен акцент беше ставен на Националната диспечерска служба и Словенечкиот индекс за итна медицинска помош, програмите за рана детекција на рак и управувањето со радиодијагностиката.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Двајцата министри се договорија разговорите да продолжат и за другите реформски планови, како и за постојниот заеднички проект за реформа во областа на медицинските сестри.

Во разговорот беше истакната потребата од подобрување на здравствената заштита за македонските студенти во Словенија, како и од проширување на можностите за размена на стручњаци и за лекување.

Министерот изрази благодарност до својот словенечки колега за отвореноста и подготвеноста за споделување на словенечките искуства, како поддршка во унапредувањето на здравствениот систем.

Креирано од:


Пренеси го гласот