Под мотото „Детето денес – иднина утре“ првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација. Гласно, заеднички ветија дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе бидат вредни и трудољубиви во извршувањето на задачите и ќе бидат добри другарчиња.
Приемот во Детската организација им го честиташе в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, кој истакна дека токму тие, најмладите се нашето најголемо богатство и нашата иднина.
По повод приемот на првачињата во Детската организација, во Центарот за култура „Бели мугри“ беше приредена програма во која настапија ученици од сите основни училишта од Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”