Како дел од програмата на “74 години слободна Виница“ во Градскиот парк во Виница се оддржа настан насловен “Реанимација“ каде учествуваа македонски изведувачи, локални DJ- и, и изложба на плакати.
Сцената во градскиот парк ја заблескаа Martix &DJ Lex од Кочани, Фосфен од Битола KHARA од Куманово, Rib од Скопје/Куманово, Anna O. (триото од Виница и Кочани, чии членови беа заслужни околу организацијата на целиот настан) и Новиот Почеток од Скопје, и DJ- сетови на локалците Михаил Петровски и Михајло Јосифов.
Беше поставена и изложба на плакати на Маријана Иванова (Imposter). Имаше голем број на посетители од Виница но и од околните градови, кои уживаа во прекрасната манифестација. (Фотографиите се од Организационен тим на Реанимација)







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово