Дали се сеќавате на рушењето на плафонот во војничката менза во во една од касарните во Македонија што се случи во 2021 година?
Тогаш никој не понесе одговорност за загрозување на безбедноста на војниците и персоналот во касарната, ниту пак за штетата предизвикана од несоодветното градење.
Во минатиот викенд сличен ваков плафон се сруши во детска градинка во скопската општина Карпош за кој што одговорните повторно молчат.
Дали неказнивоста на одговорните за штетите и опасностите кои што ги предизвикуваат со своето работење и во иднина ќе овозможи појава на несакани материјални последици или не дај Боже и опасност по здравјето и безбедноста по граѓаните, останува да видиме, но оценката за 8% доверба во судството која ја доделуваат меѓународни релевантни организации се чини е голема.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки реагираше за ваквата појава со своја реакција во јавност:
“Потсетување…
Кога предупредувавме дека крадат со тоа што неквалитетно реновираат и кога падна таванот во војнички ресторан кој за среќа бил празен во тоа време, тогашната министерка на тоа гледаше со подбив.
Не се преземаа никакви мерки, никој не беше повикан на одговорност.
Денеска им падна таван во детска градинка. Реновиран објект. Што повеќе треба да се случи? Не дај Боже жртви, па дури тогаш да се загрижат криминалците од власта?”
-соопшти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист