Во Македонска Каменица во тек се градежни работи за изградба на нова водоводна и канализациона мрежа за жителите кои што живеат долж улицата “Новопроектирана”.
Со тоа овие граѓани на Македонска Каменица ќе добијат подобри услови за живот, но и можност перспективно да добијат и целосно изградена улица со асфалт и тротоари.
Овој дел од Македонска Каменица е застапен со релативно нови индивидуални куќи за семејно домување со кои што се проширува самиот град кон периферијата.
“Поставуваме водоводна и канализациона мрежа на улица “Новопроектирана”. До крајот на овој месец жителите од овој нов дел од Македонска Каменица ќе бидат вклучени на новата мрежа.
Продолжуваме одговорно!”
-соопшти Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Конечно отворен долгоочекуваниот Младински центар во Делчево
Кривична пријава против 48 годишен маж од Делчево за повеќе кривични дела
Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани