БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ружински во посета на сите населени места во Берово: -Не дојдовме да држиме говори. Дојдовме да слушаме.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Советот на Општина Берово Петар Ружински заедно со својот тим на експерти и соработници веќе неколку денови е во посета на населените места во општина Берово, на средби со секој заинтересиран граѓанин на Берово.

Станува збор за широка акција која ја спроведуваат активистите на ВМРО-ДПМНЕ за слушање на гласот на секој поединец, неговите потреби, идеи и иницијативи кои што ќе го најдат своето место во идните развојни планови и програми на општината Берово.

Од селото Двориште Петар Ружински упати порака дека неговата посета на населените места нема да се состои од држење говори како што тоа го правеле некои функционери во минатото, туку дека тој заедно со неговиот тим се дојдени да го слушнат гласот на граѓаните, без разлика каде и да живеат во општината.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Синоќа во Двориште. Не дојдовме да држиме говори. Дојдовме да слушаме. 💬

​Разговаравме со жителите за нивните реални, секојдневни проблеми и потреби. Разговорот беше отворен и директен.

​Вашите пораки се јасни. Тие стануваат дел од нашата програма.

Нашата заложба е:

​✍️ Решенија за проблемите што ги посочивте.

​🤝 Постојана комуникација, а не само пред избори.

​✅ Еднаков развој за секое населено место.

​Благодарност до сите жители на Двориште за пречекот и искрените разговори. Заедно со носителот на листата Влатко Шахпаски и претседателот на ОК Столе Кракутовски, продолжуваме со средби во секое маало и секое село.

​Ве слушаме.”

-порача Петар Ружински кој што е и еден од кандидатите за градоначалник за кои што партијата ВМРО-ДПМНЕ обзнани дека ќе ја трчаат трката на претстојните локални избори оваа есен.

Креирано од:


Пренеси го гласот