Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Се навршија 3 години без пеачката на Роксет Мари Фредриксон

Пренеси го гласот

На 9 декември во 2019 година после долга 17 годишна борба со ракот, почина пеачката на дуото Роксет Мери Фредриксон.

Шведската поп ѕвезда заедно со нејзиниот партнер од дуото Роксет Per Gessle постигна вртоглав успех во 90-тите години од минатиот век со хитовите Joyride, The Look и It Must Have Been Love, од филмот “Убава жена” (Pretty Woman).

Дуото Роксет потекнува од Халмштад, Шведска. Во почетокот на 70-тите години од минатиот век се сретнале Пер и Мари откако Мари била веќе дел од поп бендот Strul & Ma Mas Barn а Пер свирел со Gyllene Tider една од тогаш најголемите музички групи во Шведска.

Кариерата им започнала во 1986 година кога станале препознатливи како дуо во родната земја со синглот Neverending Love, по кој што следел хит- албумот, Pearls of Passion.

И покрај нивната огромна популарност во скандинавските земји, издавачката куќа Капитол рекордс одбила да го издаде нивниот албум во САД.

Случајно студент на размена од САД кој што присуствувал во Шведска го купил нивниот албум а по враќањето дома го убедил локалниот ДЏ на локалната радио станица да пушти нивна песна во програмата по што стигнале до интернационална слава.

Роксет својот најголем успех го постигнале во 1987 година со нивниот божиќен сингл  It Must Have Been Love, кој што бил реиздаден во прилог на филмот “Убава жена” во 1990 година и постигнал број 1 на топ листите на над 10-тина земји а во Британија стигнал до третото место таа година.

Кај пеачката бил дијагностициран тумор во 2002 година, откако колабрирала во нејзината кујна после тренинг. Туморот и го одзел видот во нејзиното десно око, но после три годишниот третман на болеста, таа се вратила во јавниот живот и реализираше повеќе турнеи со Роксет во периодот од 2008 до 2016 година.

Со смртта на Мари Фредериксон многу генерации загубија своја поп икона, која ги испеала нивните најубави хитови од младоста.

Креирано од:


Пренеси го гласот