Шаховскиот клуб „Кочани” беше домаќин на Третиот меморијален турнир “Тодор Милосиев-Тошо”.
На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје.
Најуспешен на турнирот беше Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место му припадна на Ванчо Петров.
Пехарите на тројцата најуспешни им ги додели градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Највозрасниот учесник Михаил Стефанов и најмладиот гостин на турнирот Емануел Ангеловски добија шаховски табли, а за сите учесници ШК „Кочани” обезбеди медали.
Меморијалниот шаховски турнир се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово