БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Шествалентен хром истекува близу Вардар од депонијата на Југохром,надлежните тврдат, не било опасно

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Шествалентниот хром кој се излева од депонијата на Југохром во Јегуновце веднаш до коритото на Вардар е поради тоа што пречистителната станица на фабриката од септември не работи поради нејзина реконструкција и санација, велат во раководството на комбинатот.Се работело за исцедок од индустрискиот отпад , кој се таложел таму половина век.Земјиштето е одамна контаминирано,и тоа било нормално, со оглед на дејноста на фабриката. Хромот е канцероген, не се знае колку од него непрочистен истекува во реките,но надлежните тврдат дека немало место за паника.

-Факт е дека шествалентниот хром е канцероген, во колкави количини и како контаминира тоа сепак ќе каже некој друг.Наша задача е да ги прифатиме тие отпадни води, да ги пречистиме и пуштиме.Тоа не е обврска на Југохром, тоа е историски отпад, но постројката се наоѓа во кругот на фабриката и ние ја сервисираме и помагаме околу работата на самата постројка, изјави Славко Стојчески-Технички директор на Југохром

Фабриката во која некогаш работеле илјадници луѓе,веќе четири години е затворена.Можеби загадувала,но барем  немало невработеност,а и живи и здрави сме, велат дел од жителите на Јегуновце,кои целиот работен век го поминале таму.Селото велат, сега е празно и пусто.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Југохром да се отвори треба, а не што загадува, населението нема пари, тоа е битно.Сум работел таму 39 години, па еве жив и здрав сум-вели жител на Јегуновце.

Тие се гасови согорливи,не се опасни по живот, чад иде,велат и тетово се загадувало, ама не вистина тоа-изјави друг жител.

Југохром ги згасна печките во ноември 2016 година,откако не успеаја преговорите со надлежните за пролонгирање на рокот за поставување филтри-услов кој требаше да се исполни за комбинатот да продолжи да работи.Без работа останаа стотици луѓе, најголемиот дел од околните села.

Извор: АЛФА ТВ

Креирано од:


Пренеси го гласот