Денес на прес конференција пратеникот и претседател на “Левица” Димитар Апасиев ја информираше јавноста дека како политичка партија поднеле предлог Декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии“
Денес, пратениците на Левица, поднесоа ПРЕДЛОГ-ДЕКЛАРАЦИЈА до Претседателот на Собранието на Република Македонија за осуда на бугарскиот национал-шовинизам, со која се бара признавање на македонското национално малцинство во Пиринска Македонија; официјално извинување за историско помирување, од страна бугарските власти, за сите злосторства извршени за време на фашистичката окупација во Втората светска војна; како и носење на стратегиска Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат државните „црвени линии“ – на внатрешен и на надворешен план – и точно ќе се назначат прашањата за кои никако и со никого не смее да се преговара!
p.s. Целиот текст на Декларацијата е на следниов линк.
-стои во соопштението на Димитар Апасиев во врска со оваа нивна предлог Декларација.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“