Штип со пречистителна станица ќе ја спасува Брегалница од отпадни води. Станува збор за проект чие финансирање треба да оди преку средства од ИПА 2 програмата:
- Станицата ќе се гради кај Калимерово, ќе биде со проценет 53.700 популациски еквивалент , на површина од околу четири ХА. Исто така ќе биде воспоставена и мрежата за водонсабдување, истакна Кристина Петровска, експерт за животна средина.
За да се почне со проектирање на пречистителната станица, претходно беше извршена комплетна проверка на канализационата мрежа во Штип:
- Системот за собирање на фекални води е одвоен од системот за собирање на атмосферски, околу 95 отсто од вкупното население во Општината е поиврзано на канализационата мрежа, чија вкупна должина е околу 100 километри, рече Петровска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајдена марихуана кај 17 годишник од Штип по што лицето било приведено
67 годишен жител на Кочани лишен од слобода по претходна пријава од сопругата за упатување закани
43 годишна жена од Берово физички нападната од нејзиниот сопруг