Новата година носи и нови успеси во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура за граѓаните на општина Виница.
Денеска градежна оператива на фирмата изедувач започна со реконструкција на патот кој ги поврзува селото Блатец и м.в. Детлово во Виница во должина од 3 километри.
Овој стар патен правец е од особено значење за локалното население затоа што го скратува патувањето за локалните жители.
Градоначалникот на оштина Виница Миле Петков на терен на лице место се погрижи сите предуслови за воведување во работа на изведувачот да бидат обезбедени.
“Денес започнаа и градежните активности за реконструкција на локалниот пат Блатец-Детлово во вкупна должина од 3 километри.
Средствата во висина од околу 20 милиони денари се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој.”
-информираше за јавноста градоначалникот на општина Виница Миле Петков.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа